Вести Најважни Свет

Првите мерки на властите во Србија по масовните убиства од утре стапуваат на сила

Од утре наутро па се до завршувањето на училишниот ден пред секое училиште во Србија ќе има полициска патрола, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата. Засилено полициско присуство ќе има на сите јавни места, како паркови, плоштади и трговски центри. Исто така, почнувајќи од утре па се до 8 јуни секој што поседува нелегално оружје во Србија може истото да го предаде во било која полициска станица, без никакви кривично правни последици. Експертите во Србија на мерките гледаат како начин во моментов да се зголеми чувството на безбедност кај граѓаните, но предупредуваат дека за да се направи вистинска промена потребни се долгорочни мерки.

Министерката за здравство Даница Грујичиќ денеска соопшти детални информации за сите 18 повредени лица. Според неа, две од девојките повредени во пукањето кај Младеновац се во критична состојба, како и едно дете од масакрот во основното училиште Владислав Рибникар во Белград.

Значи три се во, така да кажам, прилично критична состојба. Но, пак ќе повторам, тоа е голем калибар, и кога имате такви повреди од огнено оружје морате да бидете максимално внимателни. Навистина само тие кои имале повреди на меките ткива, како што беше кај момчето кое вчера беше пуштено дома, и едно дете кое исто така беше пуштено од Ургентниот центар од повредените од среда, исто како и двете момчиња, за нив можеме да кажеме дека се безбедни, изјави грујичиќ во гостување на РТС.

Денеска ќе бидат погребани тројца од загинатите во масовното убиство во Дубона, додека погребот на последите две дечиња од убиствата во училиштето во Белград ќе се одржи утре.

Двете масовни убиства длабоко го потресоа српското обштество, но и целиот регион. Утрото на трети мај во Белград, 13 годишно момче вооружено со два пиштоли, 4 молотови коктели и листа со имиња на соученици, влезе во училиштето Владислав Рибникар по што уби 8 деца и школскиот чувар, а повреди уште 6 ученици и една наставничка. Неполни 36 часа подоцна, нешто пред полноќ на 4 мај, во селото Дубона во близина на Крагујевац, 21 годишно момче го започна својот крвав поход низ три соседни села, кој резултираше со 8 загинати, и 12 повредени.

Во два дена, српските власти излегоа со два сета на мерки за спречување на вакви трагедии во иднина, а многу од земјите во регионот исто така започнаа со чекори за зголемување на безбедноста во училиштата и намалување на врсничкото насилство.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Шест повредени лица, ветришта уриваа дрвја врз автомобили и шатори – силно невреме во Хрватска

Дејан Дејан

Трамп го напушти самитот Г7

Дејан Дејан

Мајка во машина за перење ставила новороденче кое почина – хорор во Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе