Вести Македонија

Притвор за двајцата криумчари од Скопје кои беа фатени со осум мигранти во Гевгелија

Јавното обвинителство одреди притвор за двајцата криумчари од Скопје кои вчера кај Гевгелија се обидоа со два автомобила да пренесат осум мигранти. Од основното јавно обвинителство велат дека лицата се осомничени за кривичното дело криумчарење на мигранти.

Криумчарите биле фатени од полицијата вчера утро на паркингот кај местото викано Касарна во Гевгелија. Тие се обидувале да ги сместат мигрантите во возило мерцедес со бугарски регистарски таблички, кои пак биле пријавени за украдени во текот на минатиот месец во Гевгелија. Кога наишле полициските службеници, полицаецот се обидел да го лиши од слобода првоосомничениот, 26-годишен криумчар од Скопје, а тој физички го нападнал полицаецот при што е испукан куршум што завршил во мигрантката која седела на задното седиште во автомобилот.

Жената веднаш е префрлена во Општа болница Гевгелија каде е констатирана смрт. 

Надлежен обвинител од Одделението за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, со цел да се испита одговорноста на полицискиот службеник формира предмет и донесе Наредба за вештачење на папиларните линии на службениот пиштол, како и на други траги врз основа на кои ќе се утврди кој го испукал куршумот со кој е предизвикана смртта кај мигрантката.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе