Вести Македонија Најважни

Телма со детали за трагедијата со Пинтија – осумгодишното дете имало повреди на главата и вратот од гризењето на кучето

Телма со нови детали за синоќешната трагедија во скопска Пинтија во која почина осумгодишно дете по напад од домашно куче од расата англиски бул мастиф. Според извори од истрагата, детето влегло во дворот на соседот во кој покрај мастивот, имало и уште едно куче.

Кучето мастиф кое било старо 12 години, го нападнало детето и го изгризало. Од гризењето, детето добило обилно крварење.

Осумгодишникот веднаш со автомобил бил превезен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, но, поради тешките повреди што ги имал во пределот на главата и вратот, искрварил на пат кон болница. Лекарите, и покрај вложените напори и укажаната медицинска помош, за жал, не успеале да го спасат неговиот живот, истакнуваат извори за Телма.

Сопственикот на англискиот бул мастиф вчеравечер веднаш бил повикан на информативен разговор во полициската станица. Извори од истрагата за Телма, исто така, наведуваат дека семејствата на детето и на сопственикот на кучето биле први соседи и во добри односи.

Трагедија во Пинтија: Осумгодишно дете почина по напад од куче

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клиничка болница-Штип со апел: Пациентите со скршеници да се транспортираат во другите болници

Kristina Kuzmanovski

Блупринт групата бара темелна истрага за загадувањето на водата

Kristina Kuzmanovski

Мицкоски: Од опозицијата зависи дали ќе има нови обиди за носење на Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе