Претседателот Стево Пендаровски е против законските измени со кои се предвидува зголемување на работната недела од 40 на 60 часа за потребите на конзорциумот „Бехтел и Енка“. Според него, ова е најспорната одредба од законските измени на осумте закони кои ги предложи Владата до Собранието.
„Ме зачудува зошто таква одредба е ставена. Можеби нема да издржи на крај. Уставниот суд имаше одлука пред неколку месеци дека работна недела подолга од 40 часа е неуставна. Прилично е неодговорно од Владата повторно да го предложи тоа“, вели Пендаровски во интервју за Сител.
На прашање дали се сомнева во нашите локални авторитети, тој одговори дека во секое жито има какол. Но, додава дека додека тоа не се докаже може само да се шпекулира.
