Магазин

Симон Трпчески, Малешевка, Македонисимо и Скопско во кампања за прослава на македонската музика

СКОПСКО ја лансираше новата кампања во соработка со маестро Симон Трпчески

Светски познатиот пијанист Симон Трпчески со  најпознатиот пивски бренд во Македонија, СКОПСКО, со делото „Малешевка“ од албумот „МАКЕДОНИСИМО (композитор Панде Шахов) “, се споија во новата кампања за СКОПСКО, која го слави сето она што ја прави македонската музика посебна: ритамот, луѓето, нивните врски, блискоста и заедништвото.

Од Пивара Скопје велат дека токму уникатиот македонски ритам, кој бил и ќе остане инспирација за многу наши и светски музичари, е основа на нашата посебност, која оттаму се отсликува и во природните убавини, во вкусот на храната, во духот на нашите луѓе и нивното заедништво, како и во многу други нешта.

– Нашата музика е тоа што најдобро нѐ претставува во светот, а еден од нејзините најголеми промотери е токму маестро Симон Трпчески. „МАКЕДОНИСИМО“ ја издигна таа промоција на едно високо ниво и уште еднаш му покажа на светот дека тука живееле и живеат луѓе со голема душа, кои и покрај сите предизвици се одржале заедно и зад себе оставиле наследство со огромна вредност. – изјави Марта Завкова, бренд менаџр за Скопско.

За маестро Трпчески, оваа соработка е природна затоа што СКОПСКО и „МАКЕДОНИСИМО“ се дел од нашиот идентитет и имаат моќ да нѐ соберат на иста маса, од убавите моменти да направат совршени сеќавања, од секојдневниот оброк гурманско доживување, а од обичната собиранка – дружба за паметење. Тие се сѐ она што сме ние, Македонците.

За тоа како изгледа кога енергиите ќе се спојат на иста бранова должина и ќе создадат нешто убаво и неповторливо изготвен е и видео спот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Маск: Одиме на Марс, животот на Земјата ќе биде уништен

Дејан Дејан

(фото)Истрчани 465 км на шестдневна трка – победничка од Македонија

Дејан Дејан

Најдолг избор на Папата траел три години – го избрале откако граѓаните го срушиле кровот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе