Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука со која на Струмица и се доделува финалниот натпревар во Купот на Македонија во кое ќе се сретнат актуелниот освојувач Македонија ЃП и Струга.
Стадионот Младост во Струмица по пет години пауза повторно ќе биде домаќин на решавачкиот дуел за трофејот во ова натпреварување, а последен пат во битката за пехарот се сретнаа Шкендија и Пелистер кога Тетовци славеа со 3:0.
На денешната седница Управниот одбор реши редовното Генерално собрание да се одржи на 27 мај во Скопје со почеток во 11 часот.
ФОТО: Игор Паневски
