Мојот став е непроменет. Промена на Устав во овој парламентарен состав нема да има, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговорајќи на прашањето за уставните измени пред почетокот на панел дискусијата „32 години на страна на младите“.
Во однос на македонскиот модел на Уставот, Мицкоски рече дека македонскиот модел може да биде само модел во кој што ќе има македонски национален консензус, а по ова прашање, како што рече, немаме консенсуз.
-Консензус се правеше кога се распродаваше Македонија. Тие тој момент го испуштија. Сега им нудам модифициран македонски модел, ист како хрватскиот модел – земја членка на ЕУ. Нека се одважат и да одиме понатаму, рече Мицкоски.
Тој повтори дека постојат притисоци, но, како што рече, на истите им се спротиставува со аргументи.
