Вести Македонија

ТЕЦ Неготино го запре производството, тврдат со налог од ЕСМ иако нема и мазут кој им го носи РКМ

Од ноќеска на полноќ ТЕЦ Неготино не произведува струја и е исклучен од мрежата. Директорот на ТЕЦ Неготино тврди дека исклучувањето е по налог на ЕСМ и дека е порано од планираното исклучување на 30-ти април. Од ТЕЦ Неготино велат дека работат исклучиво по налог на ЕСМ, кои одлучуваат кога ТЕЦ Неготино да биде на мрежа, а кога да се исклучи. Наредните денови е предвидено затоплување на времето со што се очекува намалена потрошувачка на струја на регулираниот пазар за кој произведува ТЕЦ Неготино.

Директорот Небојша Стојановиќ рече дека наредните 70 дена ќе се вршат ремонтни активности. ТЕЦ Неготина со два блока почна да функционира на почетокот на ноември и оттогаш немаше прекини или дефекти.

– Без застој, работевме во полн капацитет од почеток на декември месец, досега. Четири месеци без ниеден испад, без ниеден застој. Со тоа, срушивме рекорд од кога е направена електраната. Многу битно е исто така, од 2021 година, кога почна енергетската криза, досега, ТЕЦ „Неготино” во период од година и половина и повеќе, нема влезено во редовни ремонтни активности -рече Стојановиќ за МИА.

Од друга страна според информациите на Телма причина за преуранетото исклучување на ТЕЦ Неготино се и недоволните количини на мазут кои се доставени поради што останале само неопходните минимални резерви поради што не може да се произведува струја. ТЕЦ Неготино преку ЕСМ набавува мазут од РКМ на Капушевски и Салкоски. Последната испорака била во петок после полноќ кога биле доставени 15 цистерни или околу 370 тони, а дневната потрошувачка на ТЕЦ Неготино е околу 1.000 тони.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица загинаа во невремето во Албанија

Sasko Dimovski

Масовна тепачка на патници во авион за Ливерпул – капетанот бил принуден да се врати на Тенерифе

Sasko Dimovski

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе