Поставен тепихот за денешната церемонија за камен-темелникот на Коридорите 8 и 10Д. Се чекаат да дојдат политичарите.
„Арбериа дизајн“ е фирмата која ја организира денешната свеченост. „Арбериа дизајн“ е фирма која често ги организира владините настани. Лани беше ангажирана од Министерството за политички систем со кое раководи Артан Груби за прославата на годишнината од Рамковниот договор, а годината претходно и за прославата на Денот на албанската азбука. Таа стана и еден од најголемите играчи во бизнисот со учебниците по воведувањето на Кембриџ-програмата во 2014 година. Во 2015 г. беше најголемиот поединечен донатор на ДУИ.
