Кошарка Спорт

Дончиќ одличен, но Далас го губи чекорот за плејоф во НБА (ВИДЕО)

Далас доживеа уште една сопка во битката за место меѓу најдобрите 10 тимови во Западната конференција, бидејќи загуби на гости кај Мајами со 129-122. Џими Батлер со 35 поени и 12 асистенции ги предводеше Хит, додека кај Маверикс, Лука Дончиќ стандардно беше најдобар со 42 поени, 10 скока и 8 асистенции. Далас сега падна на 11.место на табелата, а до крајот на регуларниот дел од сезоната има уште четири натпревари.

На вториот натпревар одигран утринава, Њу Орлеанс со 122-114 го победи Лос Анџелес клиперс. Брендон Инграм беше најдобар во редовите на Пеликанс со 36 поени, додека Јонас Валанчиунас имаше 23 поени и 12 скока. Кај Клиперс, Каваи Ленар реализираше 40 поени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе