Вести Македонија Најважни

Јовановски со писмо до Абази: Имам „бомби“ за лица во политиката, правосудството и бизнисот, целата моја доверба ја вложувам во вас

Бојан Јовановски испрати писмо до шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази со намера да иницира постапка за поднесување на кривични пријави на записник. Тој бара да биде изведен пред Абази без одложување, бидејќи, како што наведува во писмото, „располага со сознанија и докази за сторени кривични дела од високо профилни личности во сферата на политиката, правосудниот систем и бизнис елитата“.

„Барам да бидам изведен пред вас веднаш и без одложување, со цел да ги поднесам кривичните пријави и да ви ги предадам сите докази со кои располагам во форма на аудио снимени разговори, транскрипти и остварени телефонски комуникации во форма на пораки, фотографии и видео записи. За досега поднесените и комплетирани кривични пријави нема донесено никаква јавно-обвинителска резолуција, па оттука поради сензитивноста на поднесеното, сериозноста и карактерот на кривичните дела, особено поради мојата моментална положба и статус, барам да бидам изведен исклучиво пред вас, бидејќи изразувам целосна недоверба кон правосудниот систем, дотолку повеќе што во пријавите се опфатени лица со реална моќ и влијание. Целата моја доверба ја вложувам во вас, па затоа барам веднаш и без одложување, да бидам изведен пред вас по ваша издадена наредба, особено важно што во овој период сум директна жртва  на незаконито, фалсификувано и антидатирано судско решение донесено од Основен кривичен суд Скопје, за кое имам основано сомневање дека е донесонео од криминогени побуди и намери на поединци“, пишува Јовановски во писмото до Абази.

Писмото на Јовановски до Абази е испратено на 16 февруари. Од тогаш минаа пет дена и во отсуство на повратен одговор, неговиот правен тим го проследи и до јавноста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дваесет и два дена загадена вода се вбризгувала во гостиварскиот водовод

Kristina Kuzmanovski

Д-р Ристески предупредува за здравјето на гостиварци: Долготрајни дегистивни проблеми, намален имунитет, отпорност на антибиотици

Kristina Kuzmanovski

Азески во Брунен, Швајцарија, во врска со организацијата на конференцијата за трговските марки и нетарифните бариери

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе