Вести Македонија Најважни

Синот на Џафери меѓу избраните кандидати за обвинители, иако Антикорупциска води случај за него

Сѐ уште не е јасно како Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, успеа да „влезе“ во Академијата за судии и јавни обвинители, а сега се најде и на список како еден од идните обвинители на државата. Антикорупциската комисија во април минатата година доби известување дека Барлет Џафери успеал да се пријави на академијата без да ги исполни условите за тоа, поточно без полагање правосуден испит. Но, и без докрај завршена истрага на антикорупциската комисија против него, Барлет Џафери ќе биде во позиција самиот да истражува криминал.

На списокот за јавни обвинители и судии се најдоа и сопруги, снаи на политичари и судии. На 51 поциција од списокот со 58 имиња се најде и сопругата на Ислам Абази кој шефува со Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Директорката на Академијата, Наташа Габер смирува. Селекцијата, вели, ја вршат според знаењето на кандидатите, а не по семејна или политичка припадност. Гарантира дека резултатите што ги постигнале се заслужени и рангирањето е реално врз основа на сите полагања и завршениот испит. Како што објави Телма, меѓу идните судии и обвинители се и деца на три обвинителки и на четворица судии, меѓу кои и синот на апелациониот судија, Енвер Беџети кој беше дел од советот што го укина предметот „Таргет Тврдина“, снаата на генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, како и сопругата градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дваесет и два дена загадена вода се вбризгувала во гостиварскиот водовод

Kristina Kuzmanovski

Д-р Ристески предупредува за здравјето на гостиварци: Долготрајни дегистивни проблеми, намален имунитет, отпорност на антибиотици

Kristina Kuzmanovski

Азески во Брунен, Швајцарија, во врска со организацијата на конференцијата за трговските марки и нетарифните бариери

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе