Вести Македонија Најважни

Собраниската седница за реконструкција на владата во понеделник – четири нови министри и пет заменици

За понеделник во 15 часот е закажана Собраниската седницата за реконструкција на владата.

Четворица нови министри и петмина заменици содржи конечниот список за реконструкција што премирот Ковачевски го доставил до Собранието а за кој ќе гласаат пратениците

Телма ги објави речиси сите имиња на кадри што вчера ги договорија премиерот и лидерот на Алијанса за Албанците.

Новина во објавениот список е ротирањето на заменикот во правда, Агим Нухиу, од редовите на ДУИ кој е предложен за заменик министер во образование а на негово место треба да дојде Викторија Аврамовска Мадиќ, секретар во град Скопје, додека градоначалник беше Шилегов.

Таа ќе му биде заменичка на Кренар Лога, член на ДИК кого Алијанса го предлага на местото на  Тупанчевски.

Нов министер за здравство треба да биде докторот од Неврологија, Фатмир Меџити.

За министерка за животна средина, Каја Шукова, која до сега беше државен секретар во ова министерство.

Алијанса го доби и министерското место во информатичко општество на Алтернатива, каде го предлагаат професорот од универзитетот на Југоисточна Европа, Азир Алиу.

Алијанса предлага заменичките позиции во министерствата за одбрана и земјоделство да се пополнат со досегашниот советник,Тирон Јајага и универзитетската професорка, Вјолца Бериша.

За заменик министер во здравство предложена е директорката на Институтот за физикална медицина, Маја Манолева.

Од Алтернатива денеска не го коментираат потегот на премиерот кој без да ги чека го поднесе предлогот за реконструкција до Собранието.

Велат дека ставот ќе го кажат утре по централното собрание.

Од владеачката СДСМ им испратија порака дека вратата и понатаму им е отворена.

„Беше понудена опција за продолжување на соработката со Алтернатива и јавно соопштивме дека нашата намера е таа соработка да продолжи, дадовме простор и предлог решенија со својот кадровски потенцијал да дадат придонес во коалицијата, но за жал не дадоа свој предлог што де-факто одлучија да ја прекинат соработката до овој момент, партијата е добродојдена и нашата врата е отворена за некаква наредна соработка“ – изјави пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

За опозициската ВМРО ДПМНЕ измените на владата се пазар коалиција направена за да се спаси историски најнеспособната влада.

Предлогот на Ковачевски го нарекоа срам за Македонија. Како најспорни ги издвоија предлог кадрите за ресорот правда

Така министер за правда се предлага братот на осомничениот за убиство на Дилавер Бојку. Негова па заменик ќе биде Викторија Мадиќ, кадар од СДС за се, поранешен прв секретар на градот Скопје, за време на поразениот Шилегов, која во јавноста беше позната како новиот Рашковски, бидејќи фирмата на нејзиниот зет добива тендери од над 4 милиони евра од државни институции… Ова е доказ дека државата е во распаѓање и дека оваа влада единствено го има мандатот за крадење од Ковачевски и Ахмети, но не и легитимитет од народот“ – вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

А токму владеењето на правото и борбата со корупцијата се напишани како прв приоритет на  Алијанса за Албанците во Декларацијата за владините определби што ја договориле со премиерот а ја објавија во целост.

Покрај другото во овој дел предлагаат закон за ветинг и канцеларија за враќање на имот.

Другите 4 приоритети се: „држава за сите“;  „рамноправен економски и територијален развој“ ; „развојна држава“ и „зелена енергија и здрава популација“.

Од Алијанса најавуваат дека ова програма ќе ја реализираат и со поставување свои функционери на многу дирекции и агенции.

Токму програмските определби што ги договориле Ковачевски и Таравари побара јавно да се објават Демократскиот сојуз.

Инаку, не сме подготвени да поддржиме нов партнер во Владата доколку се заканува со дестабилизација, радикализација и реорганизација на Македонија, делејќи ги граѓаните по етничка основа околу најавените уставни промени, велат од ДС

За владеачката СДСМ со вклучување на Алијанса како нов коалициски партнер во Владата се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност и зголемена ефикасност на Собранието но тест за новото владино мнозинство ќе биде токму гласањето за реконструкцијата на владата
Точката за избор на новите членови на владата е втора. Пред неа е разрешувањето на досегашните министри и заменици

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави: „Во понеделник ќе разговарам со Путин“

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Русија постави нови услови за мир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе