Ракомет Спорт

Едно добро полувреме на Е. Пелистер недоволно да се изненади Скандерборг Орхус

Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај Скандерборг Орхус со 24-22 во рамки на 7.коло во Европската лига на ЕХФ. За битолчани ова беше четврти пораз во второто по ранг клупско натпреварување сезонава, но и натаму остануваат во игра за пласман во нокаут фазата, каде од оваа група Д веќе се пласираа Фуксе Берлин и Орхус.

Пелистер одигра натпревар со две различни полувремиња. Во првиот дел, имаше водство во најголем дел. Одбраната функционираше перфектно заедно со голманот Урбан Лесјак, кој имаше 10 интервенции, а на паузата резултатот гласеше 11-11. Нашиот вицепрвак очајно го отвори второто полувреме, кога во првите 15 минути му дозволи на противникот да направи серија од 10-2 за да дојде до убедливо водство од 8 голови разлика.

Битолчани силно притиснаа во финишот и го завршија натпреварот со серија од 4-0, а да не беше расположениот голман Бутаф, можеа да ги направат последните минути многу подраматични. На крајот Еурофарм Пелистер го запиша четвртиот пораз во групата овој пат со 24-22.

Мирко Радовиќ и Жарко Пешевски со по четири погодоци беа најефикасни во нашиот тим, додека Лесјак го заврши натпреварот со 12 одбрани, а Марко Кизиќ имаше шест. Кај данскиот тим, најдобар беше Мортен Балинг Кристиансен со девет погодоци, а голманот Салах Бутаф имаше 13 одбрани.

Во следното 8.коло, Пелистер на домашен терен го речекува тимот на Агуаш Санташ на 14 февруари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе