Ракомет Спорт

Танкоски: Одлична можност да го поправиме впечатокот од Нови Сад

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Нашице против Нексе го играат вториот натпревар од новото издание на СЕХА лигата.

Битолчани во првиот дуел исто така на гости во Нови Сад беа поразени од Војводина и на денешниот дуел очекуваат далеку подобра игра и освојување на првите бодови.

“Нексе оваа година игра добар ракомет, први се во групата во Европската лига. Се работи за одлична екипа, но и тие во Нови Сад убедливо загубија и лошо играа, исто како и ние. Овој натпревар и за нас и за нив ќе биде можност за поправање на впечатокот.  По репрезентативни настапи нормално е да има вакви осцилации. Ќе бидеме подобри во следниот период, ни претстои тежок февруари и два натпревари секоја недела. Мора да се подигнеме за да извлечеме убави резултати”, изјави Марио Танкоски.

Почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе