Вести Македонија Топ тема

Шоле е во посета на Западен Балкан, бидејќи претстојат големи промени во меѓународниот поредок, оценува Ружин

Имам чувство дека Шоле е дојден на Западен Балкан бидејќи претстојат големи промени во меѓународниот поредок, вели поранешниот амбасаор во НАТО, Нано Ружин, по денешната посета на Дерек Шоле, советникот на државниот секретар на САД, Ентони Бликнен на Македонија.

„При посетата на Србија се разговараше за дијалогот Белград – Приштина, кај нас за прашањата кои се дел од стратешкиот договор, бидејќи во овие преориентации важно е каде ќе се постават државите“, оценува Ружин.

  • „Факт е дека и тој самиот и Американската Амбасада настојуваат да ни помогнат во нашето европско инкорпорирање но, голема пречка е корупцијата и организираат криминал и се очекуваше дека по првата посета по еден месец кога Американците се најавија дека сакаат да ни пружат стручна помош против нешто што самите не можеме да се бориме. Корупцијата стана составен дел на нашето живеење и како ќе биде понатаму останува на нас самите,“ рече Нано Ружин во вечерашната Топ Тема на Телма.
  • „Ние имаме потпишан договор за стратешко партнерство тогаш преземаа гаранции за нашата безбедност во исто време се интензивира тоа партнерство, а во стратешко партнерство не можеш да кажеш зошто ни се мешаат Американците во овие работи. Бидејќи сме така поврзани тие нема да ги затвораат криминалците, туку ќе не подучат и ќе бидат во испомош“, рече професорот Рамадани.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девизните резерви на крајот на јуни изнесувале четири милијарди и 936 милиони евра

Sasko Dimovski

Радев од самитот на НАТО во Анкара: Ја предизвикуваме најголемата нуклеарна сила, иако немаме доволно развиени капацитети за нејзините хиперсонични ракети

Sasko Dimovski

Трамп: Примирјето со Иран е завршено за мене, им рековме одете и направете ги своите погреби, тие почнаа да пукаат кон бродови

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе