Вести Македонија Најважни

Скопје на петтото место на листата на најзагадени градови во светот

Скопје повторно се најде  во „лошо“ друштво, на петтото место на листата на најзагадени градови во светот. Со индекс на загаденост од 185 Скопје е веднаш по Мумбаи, Делхи, Уланбатар и Лахор, кој е на прво место.

Според првиот човек на Државниот инспекторат за животна средина загадувањето дополнително ќе се зголеми доколку топланите не греат на гас, туку користат мазут и дизел.

  • Во нивните дозволи е наведено во случај да нема гас на пазарот тие можат да работат десет дена на мазут. Државниот инспекторат ќе ја следи исклучиво дозволата која им е издадена. Кога им е издадена таа дозвола? Треба да проверам, претходно,  не се сега издадени- Сретен Стојковски, директор на Инспекторат за животна средина.

Во голем дел загадувањето е резултат на користење недозволиви средства за затоплување во домаќинстватата, вели Стојковски, за што сведочат и многуте претставки на граѓаните, но Државниот инспекторат за животна средина нема надлежност да влезе во домовите. Секоја година причините се исти, загрижувачки е што во истиов период први на удар се најмладите, возразните, хронично болните и бремените жени, бидејќи се одразува и на здравјето на плодот .

  • Аерозагадувањето не влијае само на белодробниот систем, иако ги вдишуваме тие честички, туку влијае безмалку на сите органи, пред се на крвните садови, на мозочниот систем и кога се развива кај малите деца па до повозрасните каде што може да дојде до мозочен удар, па дури го напаѓа и ендокринолошкиот систем. Не смееме да заборавиме дека во вакви услови луѓето воглавно се во затворен простор, а со овој тип на греење имаме голема опасност да имаме загаден воздух и внатре. Проценкитте се дека оваа зима ќе имаме уште поголема концентрација на честичките во домовите во зависност од греењето одколку надвор- проф. д- р Драган Ѓорѓев.

Над 20% од смртните случаи се токму последица на загадениот воздух, додава Ѓорѓев и овој „тивок“ убиец е присутен дури и во градовите во кои порано воздухот бил чист како што се Берово, Гевгелија и Охрид, што се должи на начинот на кој се загреваат домовите. Граѓаните треба  да ги користат прочистувачите на воздух доколку ги имаат и да носат маски на отворено N95 кои штитат и од загадениот воздух и од вирусите посебно во периодот меѓу 17 и 19 часот.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Апел на градоначалникот Лимани до гостиварци: Останете смирени и почитувајте ја привремената забрана за пиење на водата од градскиот водовод

Sasko Dimovski

Илјада луѓе побараа лекарска помош, водата во Гостивар забранета за пиење

Kristina Kuzmanovski

Иран предупреди: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе