Вести Македонија Најважни

Владата ги крои последните пресметки околу новата цена на струјата- експертите прогнозираат поскапување

Владата  со последни  пресметки околу новата цена на струјата. Попладнево зад затворени врати на седница, ќе се донесе конечна одлука по која цена ЕСМ ќе ја продава својата електирчна енергија во следните шест месеци на ЕВН ХОУМ.

Државните електрани  најдоцна до петок  треба да ја достават новата  понуда за цена. Во моментов таа е 48 евра за мегават час. Но, дали  овој износ ќе се зголеми ќе се знае до крајот на неделава. Од тоа каква цена ќе понуди ЕСМ,  најмногу ќе зависи какви сметки за струја,  ќе плаќаат граѓаните  по Нова Година.

Дел од експертската јавност веќе  кажа дека по сите параметри  логично е да има поскапување, но дека одлуката за новата цена ќе  биде политичка.

Минстерот Бектеши пак,   нарекувајќи ги таканаречени експерти тврди дека  нивните прогнози нема да се остварат.

За  неколку дена и Регулаторната комија за енергетика  треба да ги добие пресметките  на трошоците и од другите енергетски компании.  Отако ќе ги анализира ќе се одлучи што од нивните барања ќе се прифати,  а што не. Сепак , првиот регулатор уверува дека сегашните набавки на струја кои се прават нема да  се вкалкурират во крајната цена за домаќинстватав.  За сега единствено што се знае  е дека ДДВ за струја од први јануари наместо 5 ќе биде 10 отсто. Со тоа автоматски граѓаните шќе добјат повисоки сметки.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализира“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Апел на градоначалникот Лимани до гостиварци: Останете смирени и почитувајте ја привремената забрана за пиење на водата од градскиот водовод

Sasko Dimovski

Илјада луѓе побараа лекарска помош, водата во Гостивар забранета за пиење

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе