Вести Македонија Најважни

Приватните превозници во сабота на координација: Најавија можност за деблокада на крстосниците и блокада само на Град Скопје

Можност за „ослободување“ на блокираните крстосници низ главниот град и продолжување на протестот на приватните автобуски превозници само пред Град Скопје, најавија тие на денешната прес-конференција на која истакнаа дека формите за идно делување ќе бидат дефинирани на координативниот состанок кој е закажан за сабота.

„Главната вина за оваа ситуација е кај управата на Град Скопје и бесот сè повеќе се насочува во тој правец. Како одминуваат деновите, така сè повеќе излегува на виделина кој е виновен за настанатата ситуација. Оттука и можноста за протестите да бидат само пред Град Скопје“, изјави Кемал Муриќ од „Слобода превоз“.

Приватните превозници веќе четврти ден имаат паркирано десетици автобуси на крстосниците кај „Мавровка“, на булеварот „Илинденска“, на потегот меѓу Владата и Град Скопје, и кај Црвен крст во обид да извршат притисок за наплата на, како што тврдат, долгот од 1,5 милиони евра што Градот го имал кон нив.

„Ние не сме организатори на протестите, не знаеме до кога ќе траат, не знаеме дали ќе се прошират и на други улици и во кој формат ќе се протестира“, порачаа од „Макекспрес превоз“, преку соопштение потпишано од Милорад Димитријевски како сопственик на компанијата.

„Макекспрес“: Не сме организатори на протестот, не знаеме до кога ќе трае и дали ќе се прошири на други улици

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран предупреди: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Земјотрес Мексико: Се нишаат згради и рафтови во продавници, жителите во страв ги напуштаат домовите

Kristina Kuzmanovski

Регистрирани 12 пожари во Македонија, активен е само еден

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе