Ракомет Спорт

Гријселс најефикасна, Тен Холде најдобра меѓу голманките

Германската репрезентативка Алина Гријселс со 29 погодоци е најефикасната ракометарка во досегашниот тек од Европското првенство за ракометарки што се одржува во Македонија, Словенија и Црна Гора.

Гријселс воедно има најдобар учинок според процентот на реализација. На четири натпревари упатила 41 удар или има прецизност од 70,7%.

Втора на листата на стрелците е Словенката, Ана Грос со 25 додека на третото место е Ема Фрилс од Данска со 24 колку што има и Холанѓанката Ангела Малестајн.

Меѓу голманките најдобар учинок има Јара Тен Холте од Холандија која од 120 упатени удари има 38 одбрани или учинок од 31,67%.

Веднаш зад неа е Германката, Катарина Филтер со 36 интервенции или во проценти изразено 31,03, а идентичен број на одбрани има Сандра Тофт од Данска.

По бројот на прецизни додавања води Милена Раичевиќ од Црна Гора со вкупно 30 или 10 по натпревар, а следуваат Норвежанката, Стине Офтедал со 19 и Керсин Киндиг од Швајцарија со 16.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе