Вести Македонија Топ вести

БЕСИМИ: Државата следната година ќе треба да плати над милијарда евра по основ на долг и камати

Буџетскиот дефицит ќе мора да се стеснува и да се оди кон постепена фискална консолидација. Министерот за финансии Фатмир Бесими информира дека следната година по основ на стари долгови, еврообврзница но и камати државата ќе треба да плати 1 милијарда и 40 милиони евра. Затоа додава тој во следниот период мора да се преземат мерки кои согласно настанатата состојба треба да го придвижат економскиот раст. На среден рок, вели ресорниот министер, има уште неколку бедеми кои треба да се надминат по однос на финансирање на доспеани обврски, пред се обврските акумулирани за време на ковид-кризата.

Залагањата се во наредниот период да се работи на подобрување на наплатата на буџетските приходи преку зајакнување на административните капацитети и подобрување на услугите на УЈП и Царина, мерки за намалување на сивата економија и даночна реформа.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе