Вести Македонија

Повторно ќе му се суди на таткото на убиеното девојче Вања – Апелацискиот суд ја укина ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски

Потврдени се доживотните затворски казни за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, додека ослободителната пресуда за таткото на девојчето е вратена на повторно судење.

Ваква одлука донесе апелациониот суд кој му наложил на Кривичниот суд одново да ја спроведе постапката, да ги преоцени доказите и да си ја преиспита пресудата за Александар Ѓорчевски.

Тој беше обвинет дека помогнал во грабнувањето на неговата ќерка која беше убиена од Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев.

За нив доживотните казни се потврдени, и тоа за грабнувањата и свирепите убиства на двете жртви. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Измама со брзи кредити – две кумановки подигнале над 150.000 евра на име на нивни сограѓани

Дејан Дејан

Ограничениот напредок во заштитата го става Охрид на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Скендербег, Мисирков, Мајка Тереза се меѓу новите имиња на улици во Тетово

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе