Вести Свет

Камионет со свадбари удрен од два камиона во Индонезија – загинаа 13 луѓе

Најмалку 13 луѓе загинаа, а пет се повредени во сообраќајна несреќа на индонезискиот остров Јава, кога камионет со свадбари останал приклештен од два товарни камиона, соопшти полицијата.

Според началникот на локалната полиција, жртвите се возеле во отворениот товарен простор на камионетот. Возилото во еден момент забавило и запрело за да заврти и продолжи во спротивна насока, кога камион удрил во неговиот страничен дел.

„Од јачината на ударот, камионетот бил отфрлен во спротивната сообраќајна лента, каде го удрил уште еден камион. Силниот удар исфрлил повеќе од 10 луѓе од камионетот на патот“, изјави началникот на локалната полиција.

Тој додаде дека петмина од преживеаните се пренесени во болница со различен степен на повреди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 14.7.2026

meteo

Над 17.000 хектари изгорено земјиште во големите шумски пожари во Франција

Sasko Dimovski

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе