Две лица се повредени во експлозија на рачна бомба, додека седеле во угостителски објект.
Нападот се случил пред две вечери во 01:20 часот по полноќ кога од патничко возило „цитроен“ во движење е фрлена рачна бомба кон угостителски објект, лоциран покрај локалниот пат во селото Добарце – општина Желино. Од експлозијата освен материјална штета, со повреди се здобиле Е.А.(57) од с.Чифлик, тетовско и Г.Ф.(60) од с.Добарце, кои биле во кругот на ресторанот.
Повредените веднаш биле префрлени во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово, при што биле пронајдени чаури од пиштол.
За настанот е известен Јавен обвинител од ОЈО Тетово. Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
