Вести Македонија Топ вести

Собранието ја изгласа потребата за носење на Изборниот законик по скратена постапка

Собранието со 59 гласа „за“, три гласа „против“ и без воздражни го изгласа носењето по скратена на Предлогот законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој е дел од реформската агенда.

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, ги задолжи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, како матично работно тело и Законодавно правната комисија да заседаваат по предлог законот.

Предлогот до Собранието е доставен од група пратеници, и тоа Антонијо Милошоски, Зеќирија Таири, Даниел Стојчевски, Блерим Беџети и Иванка Василевска. Со измените, меѓу другото, се предвидува електронско гласање на дијаспората, а има промени и во делот на државното финансирање на партиите.

Предлагачот, образложувајќи зошто Изборниот законик треба да се донесе по скратена постапка, посочи дека за него се дискутира четири месеци во рамки на Министерството за правда, каде учествуваа претставници на политичките партии, освен СДСМ, која почна, а потоа се повлече.

„Во рамките на овие дискусии се согласивме околу 28 препораки на ОДИХР, коишто беа консензуално прифатени. Во работната група во Министерството за правда за ниту една тема немаше надгласување и секогаш се одеше со консензус. Ќе имаме можност тие работи да ги дискутираме и за време на собраниската и за време на комисиската седница“, изјави Милошоски, образложувајќи го предлогот.

Во однос на изборниот модел, Милошоски, укажа дека најголем број од политичките партии биле за една изборна единица, но две биле за осум и за три, но бидејќи не се постигнал консензус, се остана на сегашното решение со шест изборни единици.

По однос на гласањето од дијаспората, Милошоски појасни дека е постигнат консензус да биде овозможено, согласно праксата во Франција и Естонија, и да има електронско, безбедносно и заштитено гласање.

Милошоски потенцира дека предлог измените се во согласност со реформската агенда и усвојувањето на Изборниот законик ќе ги направи одржлив и оправдан во следните пет, 10 и 15 години.

„Согласно тоа сметам дека би било добро во скратена постапка истиот да биде усвоен и поддржан консензуално од сите политичк партии во Собранието“, појасни Милошоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Усвоен е новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри

Sasko Dimovski

ССК: Анализа на цените пред и по кризата, за да се знае каде треба да има намалување

Sasko Dimovski

Шестмина застрелани во младински центар во Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе