Вести Македонија Топ вести

(Репортажа) Дали има надеж за скопската железничка станица?

Вака изгледа железничката станица во Скопје во 2026 година. Простор во кој времето како да застанало, а промените се гледаат само делумно. Тивко и непрометно, изгледа местото кое во минатото било центар на метеж, на граѓаните кои брзале да стигнат на време, за да го фатат возот кој би ги однел до посакуваната дестинација. Полу-испразнети контејнери, застарени, корозивни шини, кои се полни со отпушоци од цигари и ѓубре.

Од страна може да се забележат клупи од кои, некои скршени, некои чекаат варосување. Во другиот дел, од табла за струја зјаат незаштитени електрични осигурувачи и кабли кои може да предизвикаат опасност. Дури и природата започнала да си го наоѓа патот меѓу шините, по кои се движат неколкуте меѓуградски возови. Денес во ова брзо време железничката функционира само со пет возни линии кои минуваат еднаш дневно на по неколку часа.

Во внатрешниот дел железничката станица е празна, екраните светат, а чекалните зјаат празни под клуч. Само по некоја птица може да прелета низ ходникот во кој ескалаторите одамна не работат. Влезот на железничката станица во Скопје е непознат за многу граѓани во државата, бидејќи многумина од нив последен пат ги користеле возните услуги пред 20, дури и 30 години, а помладите генерации скоро и никогаш да немале прилика.

Ги прашавме граѓаните кога последен пат се имаат возено со воз, и дали е потребно да се воведат нови линии, со цел Скопје да заличи на другите европски метрополи.

АНКЕТА

  • „Со воз, тука? Никогаш“, рече анкетиран граѓанин.

-А зошто досега никогаш не сте се возеле?

-„Па нема воз до Охрид и до Струга“, додава анкетираниот.

  • „Тука во Македонија, никогаш не сум се возела во воз“, одговори анкетирана.

-Зошто?

-„Не сум имала прилика, мислам дека воопшто треба да се подобрат меѓуградските линии, возните редови и условите. Меѓународни од Македонија, возови да се пуштат за Србија, општо тука на Западен Балкан може да се спои со некоја возна линија“, објасни анкетираната. 

  • „Не пампатам одамна многу, пред 30 години“, рече трет анкетиран граѓанин.

Додека снимавме неколку од вработените почнаа со чистење на корпите отпадоци. Со еден од нив и поразговаравме. Тој ни посочи дека во последен период се започнало со мали потфати како што е чистење и варосување на дел ѕидовите на железничката, со цел да се подобрат условите кои долго време се супстандардни.

Вработениот надежно посочи дека ова е само почеток и дека најверојатно според него, целата железничка станица полека би требало напреднува во условите, со цел да привлече повеќе патници. Додека граѓаните во европските метрополи имаат низа на избор кога станува збор за градскиот, меѓуградскиот, и регионалниот превоз, за македонските граѓани возот е заборавена опција за транспорт.

Малите чекори како што е чистењето и варосувањето, кое што почна деновиве, се нешто што би требало да биде нормално и секојдневно, но затоа што кај нас не се случуваат често се подразбираат како голем чекор, барем за нас Македонците.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото/Видео) Грција објави мапа која покажува каде е опасната риба-зајак

Kristina Kuzmanovski

Трамп го пофали Зеленски и украинските дронови, најави можен договор за нивна набавка

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Мелони му преврте очи на Трамп и јасно стави до знаење дека е лута

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе