Вести Македонија Спорт Топ вести

За пласманот на светско, награда од 1.500 000 денари за ракометарите

Ако стравувавме дали смената на генерации ќе значи и изоставување на Македонија од големите натпреварувања, сега сомнежите се отстранети. Ракометарите обезбедија ново учество на СП , осмо во низа, а вкупно 10 кога во прашање е оваа наша селекција.  Во баражот со Словачка прв пат не стравувавме дека нешто може да се изјалови,  туку уживавме во ракометната претстава која избраниците на селекторот Кирил Лазаров ја прикажаа и сосема заслужено се најдоа меѓу 32 селекции кои ќе играат на првенството кое ќе се одржи во јануари догодина во Германија.

Познато е и дека Македонија од вториот шешир ќе ја чека ждрепката на 10 јуни со која ќе бидат одредени групите за првата фаза од споменатот натпреварување. Покрај нашиот тим во иста конкуренција се и Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија и со Фарските Острови кои не можат да бидат наши противници.

Од нашиот табор најавуваат дека квалитетот кој го поседува овој национален тим може да изненади на претстојниот ракометен мундијал.

„Имаме многу квалитетни играчи кои играат долг период, големи светски натпреварувања, играат во Лигата на шампиони, во Европската лига, во Бундес лигата, во Француската лига, мислам дека сме доволно квалитетни да изненадиме. Со малку среќа, со поволна ждрепка и да сме сите здрави“ рече голманот Никола Митревски.

Од РФМ информираа дека за пласманот на СП на машката селекција ќе и биде доделена прична награда од 1 500 000 денари.

Наташа Станчиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски: Водата за пиење во Гостивар ќе биде пуштена во употреба кога ќе биде апсолутно сигурна

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Јорданов: По невремето најголема матерјална штета има Клиничката болница во Штип

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе