Вести Македонија

Биљали: Секогаш со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт се подгреваат страстите и акумулира револтот

Универзитетскиот професор Мерсел Биљали во дебатата во „Топ Тема“ оцени дека актуелните протести не се резултат само на еден конкретен повод, туку на подолготрајно насобрано незадоволство. Тој нагласи дека мобилизацијата на голем број луѓе не може да се сведе на едно прашање, како што е правосудниот испит, туку дека зад протестите стои поширок политички контекст и низа наталожени проблеми.

„Јас мислам дека тоа е врвот на една санта лед, реално не можете да мобилизирате толку луѓе за правосуден испит, веројатно таму се ангажирани луѓе кои директно или непосредно имаат интерес. Тоа е сет на работи кои за жал ги презема сегашната влада и знае и претходната со национализмот. Зошто овие деца не протестирале кога СДСМ биле на власт. Ова е акумулиран револт. Тоа се два света“, изјави Биљали.

Тој додаде дека јавното мислење денес сè потешко се манипулира и дека младите имаат поотворена комуникација, што влијае на политичката свест.

„Јавното мислење кое се креира самостојно, со тоа што како поминува времето се помалку може да се изманипулира таква класа, па мислам дека и Македонците и Албанците повеќе комуницираат на англиски, па дури и меѓусебе Албанците со оваа структура зборат на англиски, а истото е и со Македонците. Вие не можете да ги манипулирате со национализам затоа што испитот не е, тоа е само поводот, причината се сет други работи, кои отсекогаш со доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт се подгреваат страстите и тоа се акумулира кај тие деца кои се почувствителни“, рече Биљали.

Според него, политичките тензии со години се повторуваат и создаваат реакција во јавноста, независно од конкретниот повод на протестите.

„Да беше тоа така, меѓувреме овие најдоа решение и отидоа до Венецијанска комисија. Таму е жално што се професори кои власта ги сака или првиот човек ќе си отиде. Друго е важно што комисијата се однесува на поранешни советски републики, а сега се самостојни како Азербејџан, Туркменистан. Сега е срамно да одиме таму. Во таа комисија ниедна нормална држава не побарала мислење, освен тие држави со аномалии“, изјави тој.

Биљали оцени дека политичките елити со години создаваат тензии кои потоа се одразуваат преку протести и јавни реакции.

T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Агент на имиграциска служба го усмрти Лоренцо Салгадо Араухо во Хјустон

Tea Dimkovska

Девизните резерви на крајот на јуни изнесувале четири милијарди и 936 милиони евра

Sasko Dimovski

Радев од самитот на НАТО во Анкара: Ја предизвикуваме најголемата нуклеарна сила, иако немаме доволно развиени капацитети за нејзините хиперсонични ракети

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе