Вести Македонија

Атанасовски: Наместо да одиме напред ние се враќаме назад и етнички се уште се делиме

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски во дебатата во „Топ Тема“ оцени дека и по повеќе од три децении плуралистичка демократија, Македонија сè уште е суштински поделена по етничка линија, што според него го кочи развојот на граѓанско општество. Тој предупреди дека ваквиот модел на функционирање може да води кон долгорочна институционална нестабилност.

„Само ќе констатирам дека многу е жално за држава која по 35 години на практикување на повеќепартиска демократија и обид за изградба на една граѓанска демократија ние сме се уште длабоко и суштински поделени кога станува збор за третирање на етничките теми особено за држава која е членка на НАТО и вели дека е подготвена за отпочнување на преговори и заслужува полноправно членство“, изјави Атанасовски.

Во отсуство на граѓански модел, општеството ризикува понатамошна етничка и институционална фрагментација смета Атанасовски.

„Во европска држава ние немаме поделеност на етнички и политички блокови кои потоа го делат општеството на два етнички блока, бидејќи на овој начин на ваква етничка, а не граѓанска демократија ние одиме кон пат на деинституционалност, по пат на кипарското, по пат на босанско-херцеговското сценарио, до еден вид на етничка десолуција доколку продолжиме и во наредните 35 години кои доаѓаат“, рече тој.

Атанасовски истакна дека државата сè уште не успеала да изгради вистински граѓански модел на заедништво, особено меѓу младите.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Италијанско село воведе Кодекс на облекување за туристи – казни од 50 до 200 евра за шетање без маичка или во костим за капење

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ со порака до опозицијата: Договорете се што сакате од Изборниот законик, ние ќе прифатиме сè, само дијаспората да може да гласа електронски или по пошта

Sasko Dimovski

СДСМ: Лекот Фостер поскапе, бесплатниот го нема во аптеките, власта ги изигра пациентите со астма и ХОББ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе