Од Основно јавно обвинителство информираа дека е побаран 48-часовен притвор за 19-годишникот осомничен за убиство во Бојане, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.
Во тек е прибирање докази, а издадена е и наредба за обдукција на телото на починатиот.
Полицијата го уапси осомничениот откако неговиот татко пријавил дека синот му признал оти на 15 мај во шума во близина на Сарај со огнено оружје убил 18-годишно момче од истото село.
Осомничениот бил приведен во раните утрински часови на 17 мај.
Полициските службеници ги пронашле телото на жртвата и оружјето со кое, според сомнежите, е извршено убиството.
Против 19-годишникот ќе биде поднесена кривична пријава за делото „убиство“.
