Вести Култура Македонија

Бугарија е победник на Евровизија

Бугарија победи на изборот за песна на Евровизија со „денс“ песната „Bangaranga“. Победата беше изненадување за многумина, со оглед на тоа што Бугарија не беше меѓу фаворитите пред шоуто.

Во возбудлив финиш, бугарската изведувачка, Дара беше прогласена за победник во последен момент, победувајќи го Ноам Бетан од Израел, кој заврши втор.

 

 

Бугарија ги победи фаворитите Норвешка и Грција освојувајќи најмногу гласови од земјите учеснички,  жирито и од публиката. Неколку часа пред почетокот на финалето, Дара и сценскиот тим од Бангаранга ја добија наградата Марсел Безансон во категоријата за најдобра уметничка изведба, која ја одредуваат коментаторите на земјите учеснички. Наградите, именувани по креаторот на натпреварот, Марсел Безансон, се доделуваат секоја година во три категории – медиумска награда, уметничка награда и награда за композиција.

 

Инаку победата на Бугарија се случува по неколкугодишна апстиненција од шоуто – последен пат  учествуваа во 2022 година  кога земјата одлучи да паузира од шоуто, се до годинава. Ова е прва победа за Бугарија.

Евровизиското шоу помина под силно полициско обезбедување поради протестите и политичките тензии околу учеството на израелската делегација на фестивалот. Пет земји Исланд, Ирска, Холандија, Словенија и Шпанија во знак на протест против војната на Израел во Газа го откажаа учеството на годинешната Евровизија.

Македонија немаше свој преставник трета година по ред.

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Вирално „запросување“ на врвот на Емпајер Стејт Билдинг: руските руфтопери уапсени по опасен спектакл над Њујорк

Tea Dimkovska

Атанасовски: Со реконструкцијата се измери коалициската вредност на ЗНАМ

Tea Dimkovska

Незири смета дека Влен се откажал од министерството за здравство за да го отстрани Азир Алиу

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе