Uncategorized Вести Македонија

Се осигурал дека татко ѝ не е дома, влегол во куќата и ѝ нанел 10 убоди со нож – ОЈО Битола нареди истрага за убиството во населбата Баир

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за истражна постапка против 33-годишник, осомничен за кривично дело „Убиство при вршење семејно насилство“, според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, утрово, осомничениот ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал четири заеднички малолетни деца.

„Откако се осигурал дека нејзиниот татко не е во домот во кој живеела жената, осомничениот влегол во куќата додека спиела, се доближил до жртвата и ѝ нанел десетина убоди со нож во телото од кои таа веднаш починала“, се наведува во соопштението на ОЈО Битола.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сирија го доби првиот парламентарен состав по соборувањето на Башар ал Асад – меѓу пратениците и 22 жени

Sasko Dimovski

Пумпи, лопати и багери – се санираат штетите по невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Возел со 177 км на час – уапсен возач кој двојно ја надминал максимално дозволената брзина на управување со возило

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе