Вести Економија Топ вести

Авиобилетите најмногу ќе удрат врз инфлацијата, голем простор за мерки за храна нема

Авиобилетите најмногу ќе влијаат на априлската инфлација, смета премиерот Мицкоски. Анализите кои ги добил од пазарните инспектори  покажале дека кај храната за еден  месец поскапувањето е помало од 1 отсто. Додека најголем скок на цените се забележува  кај транспортните услуги, односно во авиосообраќајот од каде се очекува да дојде најголемиот притисок.  Мицкоски се надева на стабилизација во следниот период. Но, ако пак дојде до ситуација да треба да се интервенира со мерки против ценовниот шок, во тој случај ќе се оди со намалување на ДДВ то кај храната, нагласувајќи дека нема многу простор за интервенција.

-Бројките кои што ги добиваме за цените а храната април со март се негде под 1 процент, зголемени. Најмногу се зголемени транспортните услуги тука се мисли на ниско буџетските авиопревозници, картите. И секако тие ќе влијаат на инфлацијата која очекувам да излезе деновиве, изјави премиерот Христијан Мицковски

Податокот за стапката на инфлација статистика треба да го објави утре. Вчера и од Народната банка, соопштија дека ако расте ќе ја затегнат монетарната политика, преку зголемување на основната каматна стапка, од која зависат каматите и на кредитите и на депозитите.

Мицкоски уверува и дека до крајот на годината нема да има вонредна корекција кај цената на струјата  и покрај тоа што лани ЕСМ произвеле најмалку електрична енергија во последните 10 години.

Иако,  цената на нафтата на берзите и натаму дивее, за сега како мерка останува само намалената акциза. Најави дека ќе се спушти и ДДВ то за дизелот нема и покрај тоа што неговата цена се држи над 90 денари за литар.

Ирена Чачкова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик нема да биде дел од спроведните реформи до јуни

Дејан Дејан

Малолетничкоо насилство во подем, експертите порачуваат институциите да преземат акција за да не стане предоцна

Дејан Дејан

Претежно стабилно, сончево со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 6.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе