„СДСM и Филипче стануваат се поарогантни, а и делуваат целосни отуѓени од реалноста. Не се соочуваат никако со сопствените слабости, и покрај реакции од јавноста дека Филипче ја води партијата во бездна, и покрај тоа што нивни, сега поранешни, членови и функционери јавно се огласуваат за истото“, се вели во соопштението од владеачката ВМРО – ДПМНЕ.
- Најново, по изборите во Унгарија, каде победи партијата Тиса, која инаку е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ а не на СДС, очајнички бараат некоја утеха занимавајќи се со избори во друга држава и туѓи политички приказни. Филипче на пример, се однесува како тој лично да има удел во победата на таа партија. Од друга страна, сестринската партија на СДС, на истите тие избори доживеа дебакл. За тоа досега нема коментар. За било каква насока за СДС нема коментар. Ама има коментар за се останато, велат од оваа партија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
