Македонска Пошта доби донација од 100 нови возила, со помош на владата преку министерството за транспорт и врски. Како што рече генералниот директор, Орхан Куртиши, 90 од нив се автомобили пикап и 10 се комбиња.

„Оваа поддршка значително ќе ја подобри работата на институцијата, овозможувајќи поквалитетни услуги и на граѓаните“, рече Куртиши.
С.Д.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
