Вести Македонија Топ вести

Новиот ЕУ систем не создаде застои на Меџитлија-Ники

Иако првиот ден од продолжениот празничен викенд се поклопи со стартот на целосната примена на новиот систем за контрола при  влез во земјите од Европската унија, сепак, на граничниот премин Меџитлија–Ники кон соседна Грција нема значајни промени во фреквенцијата. Наместо очекувани колони, само умерено зголемен број на возила.  Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во изминатите 24 часа преку Меџитлија излегле околу 4000  лица, од кои  800 се македонски државјани.

– Новиот дигитализиран систем за влез и излез во Европската унија за граѓани од земји кои не се членки, а кој од денес целосно се применува, засега не предизвикува поголем метеж на граничниот премин Меџитлија. Поголеми задржувања нема ниту на грчка страна. 

Граѓаните кои се враќаа во Македонија велат дека на преминот Ники има возила кои чекаат за влез во Грција, но без подолги колони и сериозни застои.

-Земаат отпечатоци, не удираат печати на пасошите. Се враќаме од Грција и кога ја минавме границата видовме дека има мала гужва“, вели граѓанин.

Од Министерството за внатрешни работи уверуваат дека   сите капацитети се ставени во функција за да се избегнат застои од макеодонска страна .

-Од страна на МВР се преземени сите потребни мерки и активности, односно ставени се во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел обезбедување брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини“, изјави портпаролот на МВР, Гоце Андоновски.

На трите гранични премини кон Грција, Богородица, Дојран и Меџитлија,  за 24 часа државата ја напуштиле над 17 илјади странски и македонски државјани.

новинар: Емилија Мисирлиевски

снимател: Златко Јосифовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе