Вести Свет Топ вести

Зеленски: Примирјето со Иран му испраќа „правилен сигнал“ на Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги пофали соединетите американски држави за насочувањето „кон дипломатијата во ситуацијата околу Иран“.

Тој ги пофали напорите за наоѓање дипломатско решение за војната, нагласувајќи ја важноста на дијалогот наместо ескалацијата.

Зеленски рече дека прекинот на огнот би создал можности што на крајот би можеле да го завршат конфликтот, повлекувајќи паралела со ставот за Украина во нејзината војна со Русија.

Дури и објавувањето на прекинот на огнот им овозможи на пазарите позитивно да реагираат – цената на нафтата се намали. Во исто време, ова е вистинскиот сигнал за Русија – дека покрај нашите долгорочни санкции, ќе функционираат и други алатки. Всушност, не може да има причина да се намали притисокот од санкциите – претходно за ова се зборуваше како за наводна потреба за ублажување на проблемите на светскиот пазар на нафта. И ако е можно да се деблокира Ормутскиот теснец – а ова е глобална неопходност –руските приходи од нафта требa да продолжат да опаѓаат, изјави Зеленски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Белата пена во водите на Вардар исчезна – но причинителот останува непознат

Дејан Дејан

Бројот на новозаболени со стомачни тегоби во Гостивар се намалува, но техничка вода во чешмите се уште нема

Дејан Дејан

Данокот на имот во Скопје ќе се пресметува според реалната пазарна вредност на недвижностите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе