Глобалната економија влегува во период на сериозна неизвесност поради конфликтот на Блискиот Исток, предупреди директорката на Меѓународниот Монетарен фонд, Кристалина Ѓеорѓиева.
Таа истакна дека најголемиот товар од кризата ќе го понесат сиромашните земји, особено оние што зависат од увоз на енергенси.
Според Георгиева, конфликтот меѓу САД, Израел и Иран веќе предизвикал сериозен шок во глобалното снабдување со енергија, особено поради блокадата на Ормутскиот теснец – клучна рута низ која минува значителен дел од светската нафта и гас.
ММФ најавува повисока инфлација и намален економски раст, со ревизија на претходните прогнози надолу.
Најранливите држави ќе бидат најтешко погодени, бидејќи немаат доволно буџетски средства за да ги ублажат ценовните шокови, што го зголемува ризикот од социјални немири.
Дополнително, кризата може да се прелее и врз глобалната безбедност на храна, особено ако дојде до нарушување на снабдувањето со ѓубрива, што би погодило милиони луѓе ширум светот.
