Вести Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Ќе го исфрлиме Дака од градење енергетски објекти

Откако опозициската СДСМ обвини дека Министерството за енергетика избрала фирма која е на црната листа на САД, да гради енергетски објекти во земјава во 2026 година и  побара владата да ја повлече таквата одлуката и да го стопира, како што го нарекоа, сомнителниот проект, од владеачката ВМРО-ДПМНЕ во име на владата денеска најавија дека ќе бидат преземени сите законски можности фирмата на Дака да не добие можност да се бави во енергетската дејност.

  • „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да прави како што правеше власта на СДС и Заев, туку напротив, веднаш ќе ги преземе сите законски можности за оваа фирма да не гради и инвестира во енергетски објекти, иако фирмата ги има исполнето сите услови и законски критериуми“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ побараа и Јавното обвинителство итно да отвори предмет и да ја истражи целата шема, вклучително и потеклото на капиталот на фирмата „Хронос сум“ на црногорскиот бизнисмен Миодарг Давидовиќ – Дака, кој според планот за 2026, треба да гради енергетски објекти. Компаниите на Дака од 2015 година поседуваат над 900 хектари земјиште во Штипско, наменето за изградба на фотоволтаични централи, а кои досега не стартувале со градба.

  • „Во опозиција го напаѓаа Миодраг Дака Давидовиќ, а денес – кога се на власт – Божиновска му отвори врата во бизнис мрежата на македонската енергетика“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак им заблагодрија на социјалдемократите што добро знаат кои се фирми се во директна или индиректна сопственост на Дака, бидејќи тој и другите проруски бизснимени соработувле и заработувале со Заев, Филипче и СДСМ.

Канцеларијата за контрола на странски имот на САД во 2023 година воведе санкции за Миодраг Давидовиќ – Дака, поради корупција и злонамерни активности.

Тамара Грнчароска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

МЕТЕОАЛАРМ: Силен ветар се приближува кон територијата на Македонија

Дејан Дејан

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе