Со писмо до сите евроамбасадори во земјава, како и функционерите на ЕУ и НАТО, претседателот на СДСМ ќе ги извести за, според него, системското демонтирање на евтоатланската интеграција на Македонија од страна на премиерот. Филипче повтори дека, преку партиски активности и обединување на фронтот за ЕУ, силно ќе се спротивстават на ставот, да нема уставни измени без јасен крај и сè додека не бидат гарантирани човековите права на македонската заедница во Бугарија.
„Ова е намерен обид да се онеспособи остварувањето на стратешката цел-интеграција во ЕУ.Ваквите политики значат дека нема да се спроведат потребните реформи и дека нема да има контрола на грабежот што власта го прави“, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.
Премиерот, пак, денеска обвини дека СДСМ со ваквите потези ја загрозуваат целата владина стратегија.
„ВМРО ДПМНЕ нема да влезе во ваква авантура без јасен крај и заштита на човековите права на македонската заедница кај источниот сосед. Нема да направиме ниту милиметар компромис без конкретни гаранции. Ќе чекаме децении, ако треба, и ќе го оставиме на идните генерации да продолжат“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.
Двајцата лидери со денови се обвинуваат меѓусебно за предавство на македонските национални интереси, но секој од свој агол.
Далиборка Демјанска Цветановска
