Вести Македонија Топ вести

(видео)Мечка забележана во Ростуше, кучињата ја избркаа

На паркинг во мавровското село Ростуше е забалежана мечка меѓу паркираната механизација.

Како што се гледа на видеото објавено од Mavrovo Travel & Adventures на социјалната мрежа Фејсбук, веднаш се собрале неколку кучиња кои почнале да лаат.

Мечката, која е возрасна, по неколку мига сепак се повлекува.

Според надлежните, ова е прв ваков случај во последните месеци за разлика од претходно кога мечки беа забележани во неколку села, дури и во дворови на куќи.

  • Досега нема пријава на штета предизвикана од мечки. Како и претходно, и за последниот случај ги презедовме сите законски мерки. Веќе ги имаме информирано соодветните министерства – за земјоделство, шумарство и водостопанство, за животна средина, како и за внатрешни работи – рече за МИА, Харис Ибраими, директор на Националниот парк „Маврово“.

Додаде дека на територијата на  НП „Маврово“ има над 180 единки и оти се преземаат сите мерки во согласност со европските законски регулативи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма од Гостивар: Денеска нема цистерни со вода недела е, резервите од шишиња се драгоценост, а капењето вистински предизвик

Дејан Дејан

За повеќе од 7% ќе поскапи парното греење?

Дејан Дејан

Телма открива: како пропадна проектот за реновирање на водоводот во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе