Вести Македонија Топ вести

Промоција на „Антологија на античката лирика“

На Филозофскиот факултет беше промовирана книгата „Антологија на античката лирика“. Станува збор за еден разновиден корпус во кој се опфатени речиси сите досега преведени и објавени песни од антиката на македонски јазик, кој е дополнет со нови препеви на песни пронајдени на папируси или на други медиуми, а кои не се дел од постарите изданија. Со тоа, ова издание создава целина што првпат ја обединува поетската традиција на античкиот свет.

Секој препев во „Антологија на античката лирика“ е нов авторски текст  што ја збогатува македонската културна ризница и ја внесува нашата земја во светската традиција на класични антологии. Станува збор за капитален потфат чиј приредувачи се професорите Весна Томовска, Даниела Тошева и Војислав Саракински, проект кој е мост меѓу древноста и современоста и во кој е вложена огромна научна и творечка сила, забележа деканот Бакрески.

  • Со оваа Антологија не само што се оживува класичната книжевност, туку се потврдува нејзината актуелност и нејзината способност да биде дел од нашата современа духовност. Нашите професори со ова дело ја потврдуваат својата улога како преведувачи и толкувачи на класичната книжевност, а Филозофскиот факултет уште еднаш ја зацврстува  својата позиција како институција што ја негува и што ја афирмира класичната цивилизација- изјави проф. д-р Оливер Бакрески, декан на Филозофски факултет.

Станува збор за обемен избор од песни кои се создадени во Античка Хелада и Рим во препев од старогрчки и латински на повеќе поколенија наши преведувачи, препеви на Елена Колева, Љубинка Басотова, Даниела Тошева, Војислав Саракински, Валериј Софрониевски, Светлана Кочовска-Стевовиќ и Методија Тасевски.

  • Особено е значајно што ова издание вклучува и текстови кои што до сега не беа достапни на македонски јазик. За првпат во една целина е претставена и хеленистичката лирика заедно со нови песни од римската поезија. Со тоа не само што се пополнува една празнина, туку суштински се проширува нашиот културен и научен хоризонт- изјави проф.д-р Ратко Дуев, промотор и рецензент на делото.
  • Античката лирика не е само уметност на зборот, туку и извор преку кој се изучува историјата- рече проф.д-р Даниела Тошева, Институт за класични студии.  

Во „Антологија на античката лирика “ во издание на книгоиздателството „Чудна шума“ на 550 страници се застапени 110 поети со обемни придружни текстови за периодите и жанровите.

Нина Стефанова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма од Гостивар: Денеска нема цистерни со вода недела е, резервите од шишиња се драгоценост, а капењето вистински предизвик

Дејан Дејан

За повеќе од 7% ќе поскапи парното греење?

Дејан Дејан

Телма открива: како пропадна проектот за реновирање на водоводот во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе