Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Фетаи до Илиевска: Образложете зошто сте биле против, ако сум била најдобар кандидат

Обвинителката во Вишото јавно обвинителство Скопје Фатиме Фетаи негодуваше за начинот на кој Советот на јавни обвинители гласало за  шеф на Вишото јавно обвинителство. За Фетаи е проблематично што од медиумите дознала дека иако била кандидат со најдобро интервју, не добила глас од заменичката на Советот. На одбележувањето на Денот на правосудството, Фетаи побара од Марјана Илиеска, заменик-претседател на Советот на јавните обвинители да образложи зошто гласала така.

„Г-ѓа Илиевска, ќе се согласите со мене дека вашиот коментар, лично ваш, по однос на интервјуто дента кога бевме во Советот на јавните обвинители е дека сум била најдобриот кандидат којшто бил на интервјуто и единствен којшто вреди да се гласа. Од медиумите разбрав дека сте биле против. Во ред! Но, образложете“, праша обвинителката  Фатиме Фетаи.

Илиевска не одговори директно, но претходно рече дека обвинителскиот систем мора да биде заштитен од политичко влијание, и да работи врз основа на принципите на транспарентност и мерит-системот.“

Денот на правосудството се одбележа во Обвинителството, а  беа поканети сегашни и поранешни обвинители и членови на Советот на обвинители.

На почетокот на настанот, Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека очекува „посветеност и одговорност од сите обвинители за исполнување на заедничките институционални цели“ и вети дека тој лично ќе се  заложи со сите сили и професионални и лични капацитети, да ги обезбеди условите за непречено работење и исполнување на обврските.

Последниве денови беа актуелни седниците на Советот на јавни обвинители на кои не беше избран шеф на Советот на јавни обвинители, а се направија промени во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За повеќе од 7% ќе поскапи парното греење?

Дејан Дејан

Телма открива: како пропадна проектот за реновирање на водоводот во Гостивар

Дејан Дејан

Со парите што ги зеде од М-нав, Лотарија и МЕПСО државата го враќа кинескиот кредит

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе