Вести Македонија Топ вести

Таравари: Подобро е да си во опозиција отколку да бидеш “кукла“ во Владата

Во емисијата „Вин-Вин“ гостуваше лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, кој  отворено проговори за причините поради кои неговата партија одлучи да ја напушти владината коалиција, опишувајќи ја како период на маргинализација и нефункционалност.

„Нашата идеја на почетокот на 2024 година беше многу добра – им кажавме на Албанците дека се потребни промени по 22 години власт на ДУИ“, изјавиТаравари, потсетувајќи дека коалицијата Влен успеала да освои 107.000 гласови и да ја исполни својата главна цел – испраќање на ДУИ во опозиција.

Сепак, ентузијазмот брзо згаснал. Според неговите зборови, па така по само десет месеци владеење, партијата се соочила со суровата реалност. Тој тврди дека ВМРО-ДПМНЕ извршила „тотална маргинализација“ врз нивните кадри каде повеќето директори на Влен биле зависни од замениците директори.

„Влен е само еден декор во владата, колку да се каже дека има и албански претставници, а да немаат никаков импакт и никакво влијание“, посочи Таравари. 

Таравари упати сериозни критики и кон премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за свесно слабеење на албанскиот политички фактор.

„Мицкоски успеа тотално да ги маргинализира Албанците и да покаже дека може да се владее и со група на мали партии, кои ниту треба нешто да прават, ниту знаат“, изјави тој, додавајќи дека повеќето министри од албанскиот блок биле анонимни и без работно искуство.

Клучните точки од коалицискиот договор, според него, останале само на хартија, а додаде дека
фискалната децентрализација не само што не се случила, туку новиот закон за локална самоуправа дополнително им ги намалил ингеренциите на општините.

Според Таравари подобро е да си во опозиција отколку да бидеш кукла во владата.

„Јас карактерно не можам да бидам кукла во една влада… Да бидеш дел од систем којшто е нефункционален е идиотизам“, рече Таравари.

Т.Д.

Таравари: Државата е на „стендбај“, а премиерот настапува како „one-man show“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе