Вести Македонија

Таравари: Државата е на „стендбај“, а премиерот настапува како „one-man show“

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, упати сериозни критики за политичката и економската стагнација на државата, нагласувајќи дека неговото напуштање на извршната власт било чин на зачувување на интегритетот наспроти маргинализацијата. Тој ја опишува моменталната состојба во Македонија како период на „стендбај“ каде премиерот настапува како „one-man show“, додека вистинските процеси се во застој.

„Видете, за жал целата држава некако стагнира… Јас не знам што битно се има сменето овие две години освен премиерот којшто настапува како ‘one-man show’ и двајца-тројца министри коишто навистина се обидуваат нешто да работат… другото е сè во ‘стендбај’ “, изјави Таравари.

Според него, одредени политички партнери во власта се „политички бездомници“, додека ВМРО-ДПМНЕ вештачки ја одржувала нивната моќ со префрлање на најмалку 15.000 гласови во советничките листи на локалните избори

„Некој е навикнат да биде кукла, да седи цел живот, да слуша и да прави што ќе му каже некој друг. Јас не можев тоа да го издржам – да бидеш дел од нешто каде што воопшто немаш никакво влијание никаде“, рече е тој.

Најголемата загриженост ја изразува за евроатлантскиот пат, предупредувајќи дека Македонија влегува во „Бермудски триаголник“ заедно со Косово и Босна и Херцеговина. Таравари се плаши од повторување на сценариото од Букурешт 2008 година и смета дека европската перспектива е во ќорсокак бидејќи премиерот јавно кажува дека не планира уставни промени додека е на функција. Паралелно со политичкиот застој, тој предвидува дека економскиот бран на криза од Блискиот Исток силно ќе се почувствува во државата кон крајот на годината.

За обвинувањата за криминал, мито и имот во Солун, Таравари упати “предизвик“ до владејачката партија да ги искористи институциите што ги контролира и да понуди докази наместо чаршиски шпекулации.

„Бујрум нека докажат дека јас сум вмешан во било каков криминал. Тие ги имаат сите институции: МВР, обвинителство, финансиска полиција. Дајте бе, држава сте. Докажете дека еден денар е земено од било кого“, истакна тој, додавајќи дека аферите се само обид за негова дискредитација.

На крајот, тој ги отфрли етикетите дека е нечија „маша“ или „месинџер“ на регионалните лидери, нагласувајќи дека Алијансата самостојно ја гради својата позиција преку континуирана работа на терен уште од 2017 година.

Т.Д.

Таравари: Подобро е да си во опозиција отколку да бидеш “кукла“ во Владата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе