Вести Свет Топ вести

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

43-годишниот Харис А. и 38-годишниот Кемал В. се единствените преживеани од седумчлената група што тргна на експедиција кон планината Елбрус.

Кемал успеал сам да се симне од планината во еден момент и да ги извести спасувачките служби за трагедијата, додека другиот бил пронајден од спасувачките екипи.

Крато видео од групата планинари од Босна и Херцеговина за време на фаталното искачување на Елбрус, највисокиот врв во Европа, се појави на руските канали на Телеграм. На видеото се гледаат планинарите како се движат низ падини покриени со снег во суровите зимски услови.

 

Според досега потврдените информации, пет од седумте членови на експедицијата ги загубиле животите, додека Харис и Кемал ги преживеале екстремните услови на надморска височина од околу 5.100 метри.

Кемал успеал сам да се симне од планината и да ги извести спасувачките служби за трагедијата, додека другиот бил пронајден од спасувачките екипи. Двајцата биле однесени во болница.

  • „Вчера во 01:00 часот по полноќ тие тргнаа на својата експедиција кон врвот на Елбрус, а истата вечер во 21:45 часот еден од членовите на тимот, Кемал Видимлиќ, се врати на една од станиците и пријави дека двајца членови на експедицијата се чувствуваат лошо. Станува збор за Нермин Талам, роден во 1982 година, и Алмир Кривдиќ, роден во 1963 година, кои за жал во меѓувреме починаа. Видимлиќ и Харис Адиловиќ се во болница и добиваат медицинска помош, а Алма Окановиќ, Денис Окановиќ и Мелиха Чаушевиќ во моментов се водат како исчезнати и во тек е интензивна потрага“, изјави за „Аваз“ амбасадорот на БиХ во Русија, Иван Орлиќ.

Владата на БиХ најави дека ќе прогласи ден на жалост.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Димитриевски: ЗНАМ не е создадено за да биде дел од старите политички матрици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе