Вести Економија Македонија Најважни

Ќе се прогласи ли кризна состојба и на пазарот со струја?

ЕСМ има на располагање околу 3.000 тони мазут од државните резерви кои може да ги користи кога ќе смета дека има потреба од тоа. Овие количини им следуваат по кризната состојба која се прогласи во декември поради тогашните протести на грчките земјоделците. Но, за да добие нови количини од државните складови според информациите од енергетските кругови, Владата ќе треба да прогласи и кризна состојба и на пазарот со струја. Според, последните податоци од МАКОРА – агенцијата за нафтени резерви во складовите има 5.000 тони мазут.

Во меѓувреме, според информации на Телма, грчкиот добавувач од каде се испорачува енергенсот за електрани, веќе го известил ЕСМ дека работи со  разлика во цената, односно договорот кој го имаат со државната ЕСМ е со цена која е пониска во однос на онаа по која го набавуваат во Грција.

Од тука се поставува прашањето дали  на  ЕСМ ќе му требаат дополнителни количини мазут од државните складишта за да го добива по пониска цена. Во зависност од трошоците кои сега ги прави ЕСМ ќе зависи и новата цена на струјата за домаќинствата која ќе треба да ја оформи и понуди во следниот период.

Инаку, од државните резерви, ЕСМ лани искористи 10.000 тони мазут, а сега  со последната кризна состојба доби уште 5.000 тони, односно половина од количините кои биле на располагање во тој момент.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ бара оставки на здравствените власти, на директорот на АХВ и на одговорните во лојалните ЦЈЗ

Sasko Dimovski

Случајот со загадената вода во Гостивар разоткрива непрофесионално и неодговорно однесување, велат невладините

Sasko Dimovski

Мал бетонски објект, метална врата и катанец како единствена заштита – до Комората во Вруток може да пристапи секој

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе