Виктор Митевски од ЗМАИ посочува дека како отворена економија, Македонија е силно зависна од глобалните текови, не само во енергетиката, туку и во повеќе економски сектори.
„Ние како отворена економија во Европа зависиме не само од енергенсите од Украина и Русија, туку и од многу други економски гранки. Околу 80 отсто од трговијата со нафта и гас поминува преку Ормутскиот теснец, што дополнително ја зголемува неизвесноста“, вели Митевски.
Тој нагласува дека и покрај кризата, Владата не треба да ги стопира капиталните инвестиции.
„Владата во ниту еден момент не треба да ги запре инвестициите во инфраструктурата. Прашањето е од каде да се обезбедат средства. Имаме системска корупција со која мора да се соочиме, а кратењето на непотребните трошења може да обезбеди одреден фискален простор, кој можеби нема целосно да ја реши кризата, но ќе помогне во нејзино ублажување“, додава Митевски.
Т.Д.
