Додека светското внимание е насочено кон иранската војна, во регионот, српскиот претседател Вучиќ искористи да покаже дека има кинески балистички ракети со домет од 400 километри поради што неговите медиумски подржувачи ја крстија ракетата- Загрепчанка.
Во КОД српски и хрватски аналитичари објаснуваат зошто повторно се разгорува српско-хрватската трка за вооружување и меѓусебно обвинување за безбедносни закани.
Во КОД вечерва и ексклузивни снимки од Куба, која полека станува нова мета на Трамп, како и за последиците кои врз Македонија ги носи војната на Блискиот Исток. КОД е по вечерните вести на Телма.
