Вести Економија Најважни

Работете од дома, користете јавен превоз, штедете гориво, излегоа првите препораки за превенција од криза

Доаѓа енергетска криза, работете од дома. Меѓународната агенција за енергетика со алармантни предвидувања, но и со препораки за намалување на потрошувачката на нафта.

Во извештајот на агенцијата стои дека воениот конфликт на Блискиот исток создава голема криза со најголемо нарушување на снабдувањето со нафта. Предвидуваат и дека во отсуство на брзо решение, влијанието на кризата ќе станува се посериозно. Меѓу мерките кои ги предлагаат за намалување на потрошувачката на нафта се, работа од дома, користење на јавниот превоз, избегнување на патување со авион.

Бран економска неизвесност доаѓа од Блискиот исток, а Македонија се наоѓа пред нов сериозен предизвик.  Од Бизнисот со алармантни прогнози за цените, економските пак со предупредување мерки се неопходни, но државната интервенција е ограничена.

Берзите веќе извесен период дивеат, а тоа според стопанствениците тоа е  показател што ќе се случува понатаму.

Вештачките ѓубрива на тукашниот пазар се 30 до 33 проценти покачени, тоа значи дека директно алудира на зголемени цени на овие стратешки суровини и според нас како Сојуз на стопански комори тоа ќе биде удар со мега димензија. Затоа што храната ќе мора нели да се покачи и тоа со сериозни бројки. Така да имате перфектна бура нафтените деривати, нафтата, храната, металите. Не знаеме ниту сето ова на каде ќе се движи, изјави во Вин Вин претседателот на ССК Горан Ѓорѓиевски

Според, познавачите кризата на Блискиот исток се продлабочува. Но, со оглед на тоа што просторот за делување на македонските власти не е многу голем, препорачуваат  да се внимава со буџетските приходи и расходи.

Ние немаме неограничени инструменти. Фискален просторот кој што ни стои на располагање е многу тесен. Веќе со нашиот јавен долг е над 60 проценти така да доколку оваа криза продолжи и во наредниот временски период не знам месец два во тој случај ние ќе ја почувствуваме секако, изјави во ВИН ВИН, поранешниот министер за финансии Кирил Миновски

И додека дел од земјите излегоа со конкретни мерки за справување со последиците наметнати од воениот конфликт, кај нас од Владата ја следи состојбата и за сега најави за друго нема.

Последно, министерката за финансии Кочоска во интервју за МТВ, кажа дека во моментов значајни ценовни шокови кај нас нема и нема потреба да се преземаат мерките од другите земји.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ бара оставки на здравствените власти, на директорот на АХВ и на одговорните во лојалните ЦЈЗ

Sasko Dimovski

Случајот со загадената вода во Гостивар разоткрива непрофесионално и неодговорно однесување, велат невладините

Sasko Dimovski

Мал бетонски објект, метална врата и катанец како единствена заштита – до Комората во Вруток може да пристапи секој

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе